Финансиски услуги

  • РАЗЛИЧНА ПЕРСПЕКТИВА – ПОШИРОК ПОГЛЕД. КОМПЛЕТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ВАШАТА КОМПАНИЈА

  • АМПЛУС - ФИНАНСИСКИ ПАРТНЕР НА ПАТОТ КОН ВРВОТ !

  • ПОСТАВЕТЕ НИЗА КОНТРОЛНИ ТОЧКИ ВО ВАШИОТ БИЗНИС... Вистинската информација е основен предуслов за напредок на Вашиот бизнис. Мерните точки се вистинска слика за вашиот развој.

  • ФИНАНСИСКИОТ МЕНАЏМЕНТ Е НЕРАСКИНЛИВ ДЕЛ И ВАЖНА АЛКА ЗА УСПЕШЕН РАЗВОЈ НА ВАШИОТ БИЗНИС.


Со релативно високи трошоци за скап финансиски кадар како и трошоци за лиценци, овластувања и сертификати, сметководството и финансиските позиции може да бидат големо финансиско оптоварување за компанијата

Од овие причини како и поради прашањата за точност, непристрасност и крајна одговорност за финансиската работа на компанијата, outsourcing-ot, или надворешното сметководство е пракса во компаниите со модерен менаџмент.

АМПЛУС овозможува целосно или делумно согласно потребите на клиентот, можност за outsourcing на финансиски услуги и сметководство.

 

Зошто надворешни финансиски услуги и сметководство

  • Фокус на бизнисот на компанијата
  • Компанијата може да расте без дополнителен трошок за нов кадар
  • Обезбедување на континуитет на бизнисот со јасно дефинирани процеси и процедури кои можеби претходно не биле земени во предвид
  • Обезбедување на стабилни трошоци за услуга која е однапред договорена и лесно планирање на буџет
  • Пристап до професиионални совети и услуги
  • Намалување на трошоци за вработени. Високо стручен кадар е достамен по многу помал трошок.
  • Постојана усогласеност со законска регулатива

 

Наш генерален пристап е да одржуваме постојано познавање на моменталните и на планираните активности на нашите клиенти. Сите наши клиенти имаат постојан пристап до нашите телефони и email адреси, со што им омозвожуваме брз пристап до професионални консултации, потребни информации или брзи совети.

Не се натпрeваруваме со конкуренцијата со цени, туку даваме важност на ценовната структура да биде транспарентна и истата да биде рефлексија на вредноста. Немаме скриени трошоци и не бараме дополнителни надоместоци освен во случаи каде истото е договорено со нашите клиенти.

Обезбедуваме услуга која ги надминува и договорните обврски. Нашите консултанти се фокусираат на бизнис процесите на нашите клиенти, ги разбираат предизвиците со кои се соочуваат и обезбедуваат совети и предлози за подобрување на постојните бизнис практики.

Поставуваме највисоки стандарди во сите аспекти на бизнисот, од мали административни задачи и одговорности, до сложени поставувања на бизнис процеси и процедури.

Разгледајте ги нашите пакети на услуги.

Како професионална консултантска куќа, за нашите клиенти обезбедуваме јасни и недвосмислени даночни совети и консултации, со кои нивното работење е секогаш во склад со позитивните законски прописи.