Финансиски услуги

  • Се што очекувате од водечка фирма во областа на финансиски услуги, даноци и сметководството; Сигурност, Пристапност, Проактивност.

  • ОДЛИЧНИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОСНОВАТА НА НАШИОТ БИЗНИС ! НАШИТЕ КОНСУЛТАНТИ СЕ СЕКОГАШ РАСПОЛОЖЕНИ ЗА РАЗГОВОР СО ВАС !


Доколку сте заинтересирани за работа во светот на финансиите, финансиски менаџмент, финансиската контрола и сметководството, ве молиме испратете ваше CV на нашата контакт адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.со назнака за една од двете категории:

  1. Дипломирани практиканти
  2. Квалифкуван кадар

Наш генерален пристап е да одржуваме постојано познавање на моменталните и на планираните активности на нашите клиенти. Сите наши клиенти имаат постојан пристап до нашите телефони и email адреси, со што им омозвожуваме брз пристап до професионални консултации, потребни информации или брзи совети.

Не се натпрeваруваме со конкуренцијата со цени, туку даваме важност на ценовната структура да биде транспарентна и истата да биде рефлексија на вредноста. Немаме скриени трошоци и не бараме дополнителни надоместоци освен во случаи каде истото е договорено со нашите клиенти.

Обезбедуваме услуга која ги надминува и договорните обврски. Нашите консултанти се фокусираат на бизнис процесите на нашите клиенти, ги разбираат предизвиците со кои се соочуваат и обезбедуваат совети и предлози за подобрување на постојните бизнис практики.

Поставуваме највисоки стандарди во сите аспекти на бизнисот, од мали административни задачи и одговорности, до сложени поставувања на бизнис процеси и процедури.

Разгледајте ги нашите пакети на услуги.

Како професионална консултантска куќа, за нашите клиенти обезбедуваме јасни и недвосмислени даночни совети и консултации, со кои нивното работење е секогаш во склад со позитивните законски прописи.