Финансиски услуги

  • Се што очекувате од водечка фирма во областа на финансиски услуги, даноци и сметководството; Сигурност, Пристапност, Проактивност.

  • ОДЛИЧНИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОСНОВАТА НА НАШИОТ БИЗНИС ! НАШИТЕ КОНСУЛТАНТИ СЕ СЕКОГАШ РАСПОЛОЖЕНИ ЗА РАЗГОВОР СО ВАС !


СМЕТКОВОДСТВО

За успех е потребно - голема слика, плус детали.

Пристап до Вашите сметководствени податоци - секогаш, секаде.

Сметководствени услуги за мали, средни и големи бизниси од различни области.

Наша цел е да го донесеме сметководственото евидентирање на едно ново автоматизирано ниво на автоматска обработка на податоци. Индивидуалниот пристап кон секој клиент, ни обезбедува можност за анализа на потребите и поставување на сметководствено решение - наменско за потребите на фирмата.

Во зависност од потребите на клиентот можеме да понудиме повеќе модули на соработка вклучувајки:

  • Надворешно сметководство (надворешно сметководство со достава на документација во хард копија или електронски)
  • Сметководствено решение со постојана електронска синхронизација помеѓу клиентите и АМПЛУС (SQL on line решение) во зависност од потреби на клиентите (клиентот има можност за целосно следење на сметководственото работење или само на одредени сегменти како на пример, материјално работење, преку софтверски модули кои автоматски се синхронизираат и клиентот добива точна информација во реално време. 
  • Овој начин на работа овозможува сметководсвото да остане во фирмата – клиент, и притоа да се заштеди на стручен кадар – овластен сметководител. 
  • Комплетно e-accounting (cloud)  сметководство. Клиентот има свој пристап до сметководственото решение, од било кое место во било кое време преку интернет. Решението обезбедува пристап до сетирани менаџерски извештаи кои може да се користат во секој момент.

    Решенијата се достапни на англиски и македонски јазик. 

Сите наши сметководстви решенија вклучуваат разни типови на менаџерски извештаи кои клиентите може да ги добиваат од нас или самите да ги креираат и добиваат од програм.

 

Кога работиме на вашето сметководство се фокусираме на детална контрола и мониторинг на вашето работење со цел полесно да се идентификуваат начините за подобрување на вашето работење и да се дефинираат вашите следни чекори.

Нашите искусни сметководители кои се посветени на својата професија се грижат за сметководствената документација и евиденција, за пополнување на даночните пријави и со тоа ви овозможуваат да се фокусирате на она што вие најдобро го знаете: Вашиот бизнис. Со нас добивате целосна услуга во сметководството, помош во вашата организација на бизнисот и подготовка на даночните пресметки.