Финансиски услуги

  • Се што очекувате од водечка фирма во областа на финансиски услуги, даноци и сметководството; Сигурност, Пристапност, Проактивност.

  • ОДЛИЧНИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОСНОВАТА НА НАШИОТ БИЗНИС ! НАШИТЕ КОНСУЛТАНТИ СЕ СЕКОГАШ РАСПОЛОЖЕНИ ЗА РАЗГОВОР СО ВАС !


Размислуваме напредно од 2000-та година и горди сме што постојано обликуваме подобра иднина за нашите клиенти !

Секогаш фокусирани кон нови технолошки решенија, нашата цел е намалување на мануелната работа со цел заштеда на време и средства за ншаите клиенти !!

Во постојаната компетитивност на бизнис светот, секој бизнис мора да го максимизира профитит и перформансите за да ги постигне своите цели.

Но секој бизнис е индивидуален, истотака. Затоа мора да ги пронајдете уникатните решенија за вашите уникатни проблеми и прашања. Нашиот пристап е базиран на градење на долгорочна соработка и партнерство со нашите клиенти и инвестирање во време, за целосно да ги разбереме нивните потреби и да развиеме специјални наменски решенија за истите кои дури и би ги надминале очекувањата.

Ние сме консултантска фирма за професионални услуги од областа на управувањето со финансии, даноци и сметководство и секогаш дејствуваме почитувајки три стандарди: Образование, Искуство и Етика.

Обезбедуваме технолошко напредни, наворешни (outsourced) бизнис решенија кои вклучуваат: стручни финансиски, даночни, сметководствени и консултантски услуги за мали, средни и големи претпријатија, непрофитаблни организации, трговци-поединци и странски инвеститори кои инвестираат во нови бизниси во Македонија.

Нашиот принцип на работа налага воспоставување на соработка што ќе се заснова на доверба која ќе произлегува од вистинитоста на финансиските податоци.

Наш генерален пристап е да одржуваме постојано познавање на моменталните и на планираните активности на нашите клиенти. Сите наши клиенти имаат постојан пристап до нашите телефони и email адреси, со што им омозвожуваме брз пристап до професионални консултации, потребни информации или брзи совети.

Не се натпрeваруваме со конкуренцијата со цени, туку даваме важност на ценовната структура да биде транспарентна и истата да биде рефлексија на вредноста. Немаме скриени трошоци и не бараме дополнителни надоместоци освен во случаи каде истото е договорено со нашите клиенти.

Обезбедуваме услуга која ги надминува и договорните обврски. Нашите консултанти се фокусираат на бизнис процесите на нашите клиенти, ги разбираат предизвиците со кои се соочуваат и обезбедуваат совети и предлози за подобрување на постојните бизнис практики.

Поставуваме највисоки стандарди во сите аспекти на бизнисот, од мали административни задачи и одговорности, до сложени поставувања на бизнис процеси и процедури.

Разгледајте ги нашите пакети на услуги.

Како професионална консултантска куќа, за нашите клиенти обезбедуваме јасни и недвосмислени даночни совети и консултации, со кои нивното работење е секогаш во склад со позитивните законски прописи.