Сè што работи еден бизнис всушност се отсликува во финансиските извештаи. Бидејќи тие може да бидат сложени, преку финансиската анализа треба да се сведат на разбирливи показатели за менаџерот.
Финансиската анализа претставува една алатка за препознавање на клучните елементи од вашите извештаи која преку сетот на финансиски показатели и нивното толкување ќе придонесе кон евалуација на тековното работење, идентификување на проблемите / областите на потенцијалните можности, развивање на буџети и имплементирање на идните стратегии кои во водат кон профитабилност, солвентност и ликвидност.
Постојат бројни клучни елементи од финансиска анализа на едно претпријатие за кои треба да бидете свесни а истите можат да се пронајдат во трите основни финансиски извештаи што ги создава Вашето претпријатие биланс на успех, биланс на состојба и извештај за паричните текови.
Препознавањето на овие елементи во Вашите извештаи е потпомогнато преку сет на финансиски показатели кои во една заедничка спрега овозможуваат да дадат одговор на Вашите прашања за тоа дали и колку сте профитабилни, ликвидни, солвентни и дали имате или одржувате долгорочна успешност на Вашиот бизнис.